Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на фудбалските натпревари во рамките на 23.коло, кое е закажано за во сабота со почеток во 14:30 ч. Дејан Јакимовски од Скопје е делегиран за главен судија на големото дерби меѓу Вардар и Шкупи. Во Тетово, каде се среќаваат Шкендија  и Работнички, главен судија е Димитар Мечкаровски. Во Струмица пак, каде што играат А. Пандев и Силекс, правдата ќе ја дели Марјан Ецкоски. Во Ѓорче ќе суди Александар Ставрев а во Охрид, каде играат Победа и Ренова, Јован Качевски.

СУДИИ ЗА 23.КОЛО – САБОТА (14:30 Ч)

ВАРДАР – ШКУПИ (Дејан Јакимовски – Скопје)

ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ (Димитар Мечкаровски – Скопје)

ПОБЕДА – РЕНОВА (Јован Качевски – Струга)

А. ПАНДЕВ – СИЛЕКС (Марјан Ецкоски – Охрид)

МАКЕДОНИЈА ЃП – БЕЛАСИЦА (Александар Ставрев – Скопје)