Борусија Дортмунд и натаму е во игра за титулата во Германија, а во таборот на „Милионерите“ веќе се размислува на засилувањата за идната сезона. Едно од нив е крилниот фудбалер Јулиан Бранд. Бранд во моментов игра во Баер Леверкузен, и има откупна клаузула од 25 милиони евра, сума која што Борусија е подготвена да ја плати.

Бранд ќе биде замена за Пулишиќ кој заминува во Челзи. Исто така Дортмунд планира да се ослободи од Гетце, па Ројз да игра во средината, а Бранд да игра на левата страна.

Пред заминување од Дортмунд се уште и Шмелцер, Вајгл и Филип. За Бранд се интересираат и Ливерпул и Манчестер Јунајтед.

Борусија е заинтересирана и за услугите на Макс Егенштајн од Вердер и Никлас Штарк од Херта.