Ал Раед на крилјата на нашиот репрезентативец Ферхан Буба Хасани денеска победи во шампионатот на С. Арабија, и тоа со 1:0 против составот на Ал Батин. Се играше 41.минута кога Хасани прекрасно го проигра Ахмед Хамоудан кој стрелаше за водство на Ал Раед. Со овие три бодови тимот на Хасани се наоѓа во безбедната зона на табелата. Добрите игри на Буба се на радост на селекторот Игор Ангеловски во пресрет на дуелите со Летонија и Полска.