Шест екипи во 1/4 финалето на Лигата на шампионите и во Лигата на Европа се од Англија. Во ЛШ има четири, а во ЛЕ се два тима. Вакви бројки се немаат случено од далечната 1970/71 кога исто така во 1/4 финалето на тогашниот Куп на УЕФА и Куп на шампиони како и во Купот на саемски градови имало вкупно шест тима од Англија.

Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Ливерпул и Тотенхем се екипите кои се во 1/4 финалето од ЛШ, а Челзи и Арсенал во ЛЕ.

Во далечната 1970/1971 година во тогаш трите европски натпреварувања беа Евертон во ЛШ, Тотенхем и Вулверхемптон во Купот на УЕФА, и три тима се натпреварува во Купот на Саемски градови и тоа Арсенал, Ливерпул и Лидс Јунајтед.