Фудбалскиот клуб Вардар денеска објави неколку информации пред утрешниот дерби натпревар против Шкупи, кој со почеток во 14 часот ќе се одигра на стадионот „Борис Трајковски“.

„Натпреварот е прогласен за меч од висок ризик. При купување на билет задолжително ќе биде прикажување на документ за лична идентификација. Влезници ќе се купуваат по принципот една лична карта – еден билет.

Забранет ќе биде влезот за гостински навивачи и симпатизери. Сите гостински навивачи кои ќе се обидат да влезат на трибините, ќе бидат вратени од стадионот.

До оние кои ќе бидат на трибината на стадионот, ФК Вардар апелира на фер и коректно навивање. Да го бодриме нашиот тим кон триумф и три бода.“, соопштуваат од Вардар.