Утре под Шара, во рамките на 23. коло во ПМФЛ, Шкендија го дочекува Работнички. Според рејтингот на двата клуба ова е дерби на колото, секако, но според традицијата во последните години и не е. Имено Шкендија пет години нема пораз на свој терен од „романтичарите“, последен пат Работнички славел во 2014 година. Потоа на последните десет дуели во првенството тетовци имаат седум победи, две ремија и само еден пораз, гол разликата 28:12. Интересно е тоа што Шкендија секогаш кога игра против Работнички е и тоа како ефикасна. Во два наврати, тетовци славеле со по 6:2, тука мислиме на последните десет дуели. И во севкупната традиција Шкендија сега е подобра од Работнички. На 51 меч шампионот има 25 победи, девет ремија и 17 порази со вкупно гол разлика 82:77

Од друга страна едно се бројките, традицијата, познато е дека кога на Работнички му е најтешко знаел да одигра најдобро. Во секој случај не очекува интересно дерби.