Македонија ЃП е една од ретките екипи во ПМФЛ, која оваа пролет ја нема осетено сласта на победата во шампионатот. Се разбира дека тука не го сметаме оној куп триумф против Беласица на нејзин терен. Утре во Ѓорче, „лавовите“ ја дочекуваат токму Беласица и не кријат дека се „острат“ за тој прв пролетен првенствен дуел. Досега Македонија ЃП ремизираше со Шкендија и Ренова а загуби од Вардар и Академија Пандев. Од можни 12 бодови „лавовите“ освоија само два, и затоа време е оваа квалитетна и искусна екипа конечно да дојде до трите бода.

Инаку мечот со Беласица се игра утре на стадионот во Ѓорче, започнува во 14:30 часот. Добра вест за стратегот Александар Таневски е што тој ќе може да смета на сите свои сили, нема суспендирани и нема повредени играчи.