По големите победи над Фени Индустри и Блокотехна, избраниците на Марјан Србиноски имаа полесна задача. На гостувањето кај Шкупи очекувано ја оправдаа фаворитската улога, славеа со 68-125 (16-29, 14-29, 13-33, 25-34) во првиот меч од 18. коло во Првата лига.

Со 11-от триумф сезонава, Гостивар влезе во трка за четвртото место на табелата, на кое привремено се најдоа по овој натпревар, а дали ќе останат зависи од директниот конкурент Фени Индустри, кој пак утре го пречекува „ранетиот“ Работнички.

Епилогот беше познат по првото полувреме, гостите имаа позитива од 28 поени (30-58), а беа најубедливи во третата четвртина која ја добија со 13-33.

Србиноски им даде шанса на сите кошаркари кои се најдоа на клупата, прво име беше Бојан Трајковски со 22 поени, шест скока и пет асистенции, зад него беше Фустингер со 19 поени, два помалку имаше Роберт Димитриевски. На другата страна Колев имаше 14 поени.

Покрај оваа средба, денеска во рамките на 18-то коли силите ќе ги одмерат  Пелистер и Вардар, дуелот е закажан со почеток во 20 часот.