Денеска во Нион со почеток од 12 часот ќе бидат познати четвртфиналните двојки во Лигата на шампионите, а исто така ќе бидат познати и полуфиналните парови. Дури четири англиски тимови атакуваат на престижниот трофеј: Ливерпул, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед и Тотенхем што е прв случај по 2009 година. Покрај нив во се уште четирикратниот европски првак Ајакс, потоа гигантот Барселона, италијанскиот првак Јувентус и португалскиот шампион Порто.

Првите четвртфинални натпревари се играат на 9 и 10 април, полуфиналињата се на 30 април и 1 мај. Финалето е на 1 јуни на „Ванда Метрополитано“ во Мадрид.

Во 13 часот ќе бидат одредени и паровите за четвртфиналето на Лига Европа: Арсенал, Челси, Славија Прага, Бенфика, Валенсија, Ајнтрахт Франкфурт, Наполи и Виљареал. Во случај лондонските тимови Арсенал и Челси да се избегнат и да играат дома на првите мечеви тогаш Челси ќе има приоритет како победник на ФА Купот.