Желбата на европските гиганти не беше слушната, а првиот човек на светскиот фудбал, Џани Инфантино, успеја во својата намера, односно внесе целосни реформи во Светското клупско првенство, кое од 2021 година ќе се игра на секои четири години.

На состанокот во Мајами, беше потврден новиот формат во кој ќе се натпреваруваат 24 клубови, а првото издание е предвидено за јуни и јули 2021 година. На истото ќе има место за победниците во Лигата на шампионите и Лигата на Европа од последните четири сезони, за Јужна Америка има место за шест тимови, додека Африка, Азија и КОНКАКАФ имаат по три претставници.

Главниот фактор за промената и покрај противењето на УЕФА, беа 25 милијарди долари од комерцијалните права, кои ФИФА ќе ги добие со новиот формат.