За тренерот на Барселона, Светислав Пешиќ, дербито со Фенербахче и Жељко Обрадовиќ во Евролигата, траеше само 60 секунди.

Искусниот тренер ги загуби нервите уште на самиот старт на натпреварот и жестоко реагираше на недосуден фаул од судиите, па уште во првата минута заработи две технички исклучувања и мораше да ја напушти клупата.