Роберт Левандовски потврди дека Серхио Рамос и Кристијано Роналдо пред две сезони се обиделе да го убедат да потпише за Реал Мадрид.

„Да, двајцата побараа да дојдам во Реал. Но, јас веќе играв во голем клуб. Можев да одам во Реал, но мислам дека ја донесов вистинската одлука“.

Уште додека играше за Борусија Дортмунд тој беше на мета на „кралскиот“ тим, челниците на клубот имаа неколку неуспешни обиди, на крајот победи Баерн Минхен.

„Кога играте во еден од најголемите клубови во светот, не можете а не да бидете среќни. Не се навраќам на приказните за мојата кариера, за мене најважно е да останам фокусиран, и да дадам се од себе за да ги усреќам фановите на Баерн“, призна Левандовски.