И покрај информациите од Истанбул дека Лестер веќе ги започнал преговорите со Фенербахче, она што „Спортмедиа“ го објави вчера, се чини дека Реал Мадрид не се откажува така лесно од Елиф Елмас. Според пишувањето на медиумите во Шпанија, поточно на реномираниот АС, Реал Мадрид го следи или скенира „дијамантот“ и дека не се откажува така лесно од Македонецот. Во текстот за Елмас, АС прави анализа за тоа какви се неговите перфоманси, на која позиција најдобро се снаоѓа и слични податоци. Но и дека за евентуалниот трансфер на Елмас во „кралевите“ решава само Зинедин Зидан, повратникот на клупата на клубот од Мадрид. Се разбира дека до летниот преоден рок има уште неколку месеци, заминувањето на Елмас од Фенер е извесно, само прашање е кој ќе биде најбрз и најконкретен.