Покрај паровите од четвртфиналето на Лигата на шампионите, а и можните полуфинални натпревари, во Нион беа извлечени и четвртфиналните двојки во Лига Европа. Посластица е Наполи – Арсенал. Ќе гледаме и шпански дуел, а и потенцијална голеада на мечот меѓу Бенфика и Ајнтрахт Франкфурт, два тима кои играат отворено.

Сензацијата Славија Прага ќе проба повторно да изненади, овојпат да го помине лондонскиот Челси.