Два часа после ждрепката во Лигата на Европа, во која Ајнтрахт Франкфурт се падна со Бенфика, од клубот истакнаа дека стадионот за натпреварот во Франкфурт е веќе распродаден. И тоа натпреварот се игра на 18 април, односно реваншот Ајнтрахт ќе го одигра на домашен терен.

Стадионот во Франфкурт има капацитет од 51.000 места, а распродажбата се случи за само два часа. Останати се само билети за гостите, и уште некоја ВИП влезница.

Навивачите на Ајнтрахт важат за едни од најверните фанови. Вчера на реваншот во Милано на трибините на „Џузепе Меаца“ беа присутни 15.000 симпатизери на германскиот тим.