Директорот на Јувентус Павел Недвед со помешани емоции околу противникот во четвртфиналето на Лигата на шампионите. „Старата дама“ со онаа сензационална победа над Атлетико во средата избори место во топ 8 фазата, а следен ривал ќе им биде младиот и разлетан тим на Ајакс кој во претходната рунда го исфрли Реал Мадрид со величенствена победа од 4:1 на „Бернабеу“.

Не знам како се чувствувам. Ниту сум среќен, ниту тажен. Добивме противник за респект. Ајакс не е шега. Видовте како го треснаа Реал Мадрид, па можат да не победат и нас ако не ги сфатиме сериозно. Навивав за нив на дуелот со Реал, видов голем потенцијал во тој тим. Затоа мораме да внимаваме. Добро да го анализираме противникот и да ги откриеме неговите добри и слаби страни. Очекувам два извонредни натпревари“, вели Недвед.