Неколку интересни работи поврзани со четвртфиналните натпревари во Лигата на шампионите.

Иако беа извлечени Барса и Јунајтед, сепак, поради тоа што два клуба од ист град не може да играат во ист термин на домашен терен поради првиот меч меѓу Јунајтед и Барса ќе се одигра на „Олд Трафорд“.

Тоа ќе биде прв дуел во нокаут фазата помеѓу Јунајтед и Барселона по полуфиналето во ЛШ во сезоната 2007/08. Двата ривали имаат одиграно уште еден двомеч во европските купови и тоа во 1983/84 во поранешниот КПК. Јунајтед изгуби на „Ноу Камп“ со 2:0 во првиот меч, а на реваншот го победи шпанскиот гигант со 3:0 и пројде во полуфиналето.

Да потсетиме дека Барселона го совладуваше Манчестер Јунајтед во финалињата на ЛШ во 2009 и 2011 година, а асот на каталонскиот клуб Лео Меси стрелаше и на двата меча.

Значи никогаш гостинот не победувал во дуелите меѓу Јунајтед и Барселона. Барса на „Ноу Камп“ има скор од две победи и две нерешени, а Јунајтед на свој стадион го има истиот скор против каталонскиот клуб.

Стратегот на Јунајтед Оле Гунар Солскјер по 20 години се враќа на „Камп Ноу“, на местото каде го постигна најважниот гол во кариерата. Во финалето од Лигата на шампионите во далечната 1999 година, поранешниот голгетер на „црвените ѓаволи“ погоди во 93. минута против Баерн од 2:1 и донесе титула за својата екипа.

*Ајакс и Јувентус го реприза на финалето на Лигата на шампионите од 1996 година во Рим. Тогаш италијанскиот клуб славеше по подобро изведување на пеналите по оние 1:1 во регуларниот дел и продолженијата. А Ајакс пред себе има тешка задача затоа што го нема победено торинскиот клуб од 1975 година кога на домашен терен славеше со 2:1 во рамкитена Купот на УЕФА. Две години претходно во финалето на КЕШ Ајакс го победи Јуве со 1:0 и го освои трофејот. Тоа се единствените победи на амстердамскиот гигант над торинците.

*Манчестер Сити ги изгубил двете претходни пресметки со англиски екипи во европските купови. Паднал во дуел со Челси (два порази со по 1:0) во полуфиналето на некогашниот КПК во сезоната 1970/71, а минатата сезона изгуби со вкупни 5:1 од Ливерпул во четвртфиналето на ЛШ.

*Ливерпул и Порто се соочија минатата сезона во осминафиналето, а тогаш „Црвените“ славеа пласман во четвртфиналето. „Црвените“ славеа во Порто со 5:0 што беше нивна највисока победа во нокаут фазата во ерата на Лигата на шампионите, а воедно Порто го запиша највисокиот пораз на домашен терен во Европа.