ФОТО: bitolanews

Пелистер без проблем го доби „дербито“ од долниот дел од табелата, на домашен терен го совлада Вардар со 98-80 (31-17, 20-18, 25-22, 22-23) во вториот меч од 18. коло во Првата машка лига.

По седум минути игра битолчани дојдоа до првата двоцифрена предност 21-10, која по првата четвртина изнесуваше плус 14 (31-17). Вардарци одиграа нешто подобро во следниот период, но тоа не беше доволно за да ја вратат неизвесноста.

Домаќинот веќе ја имаше контролата на мечот, рутински дојде до само четвртата победа оваа сезона и остана на осмото место на табелата, токму пред Вардар кој има 19 бода.

Гејб Билер со 34 поени беше прв стрелец кај битолчани, зад него беше Харис со 17 поени, во таборот на гостите Анастасов имаше 18 поени.