Работнички на утрешното дерби, на гости кај Шкендија каде нема триумф веќе пет години е исправен пред голем и многу тежок предизвик. Едноставно „романтичарите“ не само што мора да одат, туку мора и да дојдат до позитивен резултат.

Не е тајна дека нам оваа пролет воопшто не ни цветаат рози. Дека досега не бевме на своето ниво, затоа треба некаде да покажеме дека не сме заборавиле да играме квалитетен фудбал. А каде најдобро да покажеме тоа ако не на теренот на шампионот. Не треба да се трошат зборови, Шкендија е екстра квалитетен тим, но ние мораме да покажеме карактер и да дојдеме до тој позитивен резултат. Потребна е максимално агресивна игра, да се користи секоја шанса, да се одигра најдобро што се може во моментов“ вели Мики Петровиќ, еден од клучните играчи на „романтичарите“.