Денеска во Нион беше извршена ждрепка и за полуфиналните мечеви. Едно е сигурно, таму ќе има барем еден англиски тим, и тоа победникот од дуелот Тотенхем – Манчестер Сити, и ќе се сретне со победникот од Ајакс – Јувентус.

Победникот од Барселона – Манчестер Јунајтед, ќе игра со победникот од Ливерпул – Порто во полуфиналето. Тоа значи дека е можен уште еден англиски дуел во полуфиналето во ЛШ.