Елиминацијата на Атлетико Мадрид од Јувентус е само надоврзување на случувањата во мадридскиот клуб во последните неколку денови. Шпанските медиуми откриваат дека дошло до сериозен конфликт во соблекувалната, а во главните улоги биле црногорскиот стопер Стефан Савиќ и кондицискиот тренер Оскар Профа Ортега.

Тоа се случило веднаш по мечот со Леганес (1:0) минатата недела кога Ортега викал по фудбалерите незадоволен од начинот на кој тие ги исполнувале задачите.

Се дерел во соблекувалната и притоа дофрлил „овој овде не може да стои“, однесувајќи се на Стефан Савиќ.

На тоа црногорецот му возвратил со зборовите

„Што рече за мене? Дојди и кажи ми во лице, стаорецу!“, викал Савиќ.

Наводно го гаѓал со копачка, која летнала покрај него и го скршила телевизорот во соблекувалната.

Следуваше фијаското со Јувентус, а Ортега се пожали дека поради големиот број на повредени фудбалери Атлетико не можел да одигра подобро.