Стратегот на Челси Маурисио Сари се размина со својот поранешен клуб Наполи во четвртфиналето на Лига Европа, но „рутата“ е таква што е можен дуел со поранешните работодавци во финалето во Баку. Токму тоа беше и желбата на италијанскиот стратег пред ждрепката. За да се случи такво финале треба да се поклопат коцките, односно Челси да ги помине двата ривали, а и Наполи да го направи истото.

Би сакал да играм против Наполи во финалето. И во двата случаи би бил среќен. Во првиот затоа што ќе водам тим во финале, а ќе се радувам и поради тоа што и Наполи ќе биде во финалето. Не поради тоа што е мој поранешен клуб, туку поради навивачите и граѓаните со кои сум во добри односи и точно знам колку посакуваат клубот да игра европско финале. Затоа не сакав да ги добијам за противник порано, затоа што би ми било тешко да играм против нив во Неапол“, изјави Сари.