Пабло Мачин денеска е сменет од функцијата тренер на Севиља, после синоќешниот пораз и елиминација од Славија Прага. Ова официјално го потврди и клубот.

Денеска екипата од Андалузија веднаш именуваше и нов тренер. Станува збор за Хоакин Капарос, кој што функцијата прв тренер на Севиља ја обавуваше и во минатата сезона. Тој е в.д. се додека тимот не најде нов тренер.

Мачин дојде на почетокот на оваа сезона, но не ја доврши сезоната. Екипата испадна од Купот, на табелата е на шестото место, а сега нема да се бори ниту за европскиот трофеј во Лигата на Европа.