Челниците на СЕХА-лига ги договорија сите детали околу фајнл-фор завршницата која по вторпат ќе се одржи во Брест.

На втори април за кога се закажани полуфиналните пресметки, први ќе истрчаат ППД Загреб и Нексе, дуелот е закажан со почеток во 16:30 часот. Вечерниот термин е резервиран за бранителот на титулата Вардар и Мешков Брест, дуелот почнува во 19 часот.

Следниот ден се играат натпреварите за третото место и финалето.