Манчестер Јунајтед во четвртфиналето во Лигата на шампионите ќе игра против Барселона. За англискиот тим ова е голем предизвик, а малкумина се оние кои му даваат шанса дека моќе да се најде во следната фаза.

Стратегот на „црвените ѓаволи“, Оле Гунар Солскјер не е разочаран, напротив за него ќе биде дуел по мерка на фановите на Јунајтед.

„Сакаме да играме мечеви против големи клубови. Игравме финале со Барселона во 2009 година и во 2011 година, како и во полуфиналето во 2008 година. Се радуваме на овие натпревари, ова се дуели кои ги посакуваат нашите фанови. Најверојатно 99%  сум поинаков од останатите тренери, преферирам реванш натпреварите да ги играм на гости“, изјави Норвежанецот, кој го прероди Јунајтед и додаде:

„Не е важно против кого играме, знаевме дека секој противник ќе биде силен, ако сакате да ја освоите Лигата на шампиони ќе морате сите да ги победите“.