Македонската тенисерка Јана Стојанова го освои и вториот турнир на Источно Европскиот шампионат за јуниори и јуниорки до 14 години во Анталија, Турција.

Откако на почетокот на оваа седмица се радуваше на пехарот на првиот турнир, сега го репризираше успехот и на вториот, на кој во финалето во женска конкуренција со 2-0 (7:5, 6:2) ја совлада Бугарката Александра Гавровска.

Како на првиот турнир, така и сега Стојанова и нејзината партнерка, Ива Јованова во двојки играа во финалето, но не успеаја да дојдат до трофејот.

Вкупно 40 тенисери од Турција, Македонија, Албанија, Азербејан, Босна и Херцеговина, Бугарија, Ерменија, Грузија и Косово учествуваа на истиот.