Роџер Федерер неодамна ја освои 100. АТП титула во кариерата, а на Индијан Велс сака да оди до самиот крај, да дојде до нов  пехар. Швајцарскиот тенисер е многу близу до својата цел,  без проблем го совлада Хуберт Хуркач со 2-0 во сетови (6-4, 6-4) и обезбеди место во полуфиналето.

Во последната битка до титулата, Федерер најверојатно за противник ќе го има Рафел Надал, кој нешто подоцна треба да ги одмери силите со Карен Хачанов.

Првата полуфинална двојка ја сочинуваат Доминик Тием од Австрија и Милош Раониќ од Канада.