По Шкендија следува уште еден тежок ривал за тимот од Чаир. Утре на стадионот „Борис Трајковски“, Шкупи му гостува на Вардар. И двете екипи сега се во битка за излез во Европа.

Атмосферата во Шкупи е на завидно ниво, а како би било поинаку кога тимот на Умит Каран засега е со најдобар биланс во ПМФЛ ако се сметаат само резултатите од пролетниот дел.

За утрешната скопска битка свој коментар има Филип Ристовски, десниот бек на чаирчани…

Максимално подготвени го дочекуваме овој натпревар, ова дерби на Скопје. Ние сме со екстра мотиви, затоа ќе одиме на добар резултат за нас. За нас целта е Европа и затоа треба да одиграме најдобро на секој меч, па и на овој со Вардар“.

За утрешниот меч со Вардар, стратегот на чаирчани Умит Каран не ќе може да смета на Ергин Абдул, потоа на Сухејљ Муареми, а под голм знак прашалник е настапот на капитенот Муарем Бајрами, еден од најдобрите поединци во редовите на Шкупи.