Шкупи можеби се во налет, во победничка серија, во одлична атмосфера по минатонеделната победа над Шкендија, меѓутоа секогаш има проблем кога гостува кај Вардар. Откако чаирчани се натпреваруваат со ова име „Шкупи“, немаат триумф над Вардар на гостински терен! Без разлика дали натпреварите се играле на неутрален терен, или на „Арената“, едноставно, чаирскиот клуб не знае што е тоа триумф над „црвено-црните“.

Како тогашната Слога последен пат има триумф во далечната 1999 година.

Можеби токму утре е ден за рушење на традицијата, имајќи во предвид дека Шкупи е во налет, а Вардар, пак, игра „топло-ладно“ во пролетниот дел. А, чаирчани доколку ја посакуваат Европа, мора да атакуваат на триумф и на три бода. Но, победата за Европа му е потребна и на тимот на Вардар. Од тука се очекува интересен натпревар.