Српскиот центар Никола Јокиќ постигна кош во последната секунда и донесе победа на својот Денвер над Далас со 100:99. Јокиќ прими топка зад линијата за три поени, тргна напред но пред себе имаше противнички играч, тој успеа некако да ја фрли топката која заврши во кошот.

Интересно Србинот се до шест минути пред крај на мечот немаше кош од игра, а мечот го заврши со 11 поени, 14 скокови и 8 асистенции.

„Добрите тимови победуваат дури и кога играат лошо. Мораме да се бориме, да се трудиме да го пробиеме мразот. Беше тешко, постојано имавме проблеми, но на крајот успеавме да се консолидираме. Во тие последни секунди само размислував да најдам најдобра позиција за шут“, изјави Јокиќ.

Нагетси се втори на Западот со скор од 45-22, а имаат 14 победи и три порази во мечевите кои се одлучени со пет поени и помалку.

„Никола го носи овој тим на своите плеќи цела сезона, па затоа ние сме втори на Западот. Според мене Никола е МВП кандидат и да не е тој којзнае што ќе беше од нас. Мораме да најдеме начин како да играме преку другите, да не зависиме само од него“, изјави тренерот Мајк Малоун.