Дарко Каевски, директорот на АМС на денешната прес-конференција истакна дека ниту тој, ниту било кој претставник на АМС нема да присуствува на утрешното собрание на ФФМ, се додека не се угосласи статутот со Законот за спорт како што бара Агенцијата.

„Ниту јас, ниту било кој од АМС нема да присуствува на утрешното Собрание. Бидејќи не е усогласен статутот на ФФМ со законот за спорт, автоматски со присуство ние покажуваме дека го поддржуваме тоа Собрание.“, рече Каевски кој додаде дека на дневен ред не е ставена таа точка.

„На дневниот ред на Собранието не е ставена таа точка за промена на статутот на Федерацијата. Од тука ние нема да присуствуваме на Собранието за изборот на претседател и тоа значи дека изборот ќе биде нелегитимен“, напомена Каевски.

Пред неколку дена ФФМ соопшти дека претставници од АМС, од ФИФА и УЕФА и од МОК ќе бидат на Собранието за избор на претседател на Федерацијата.