Кошаркарите на Милвоки Бакс направија историски пресврт во победата на гости кај Мајами во еден од највозбудливите мечеви синоќа во НБА лигата. Бакс на крајот славеа со 113: 98, иако беа во негатива цели 20 поени. Популарните „Елени“, станаа првиот тим кој губел со најмалку 20 поени на полувреме, но успеал да се врати и на крајот да слави со +11. Слична ваква победа тимот од Висконсин имал и во далечната 1977 година.

Јанис Антетокумпо мечот го заврши со 33 поени, 16 скока и 9 асистенции, Крис Мидлтон додаде 21, а Ерик Блесоу постигна 17 поени во победата на Бакс.


„Не е важно дали заостануваш со 20, 25 или 10 поени. Треба да бидете упорни и да бидете во можност да го надиграте противникот. Во плеј-офот, ова ќе биде многу важно”, изјави Антетокумпо, чиј тим останува еден од големите фаворити во трката за титулата оваа година.

Хјустон Рокетс на домашен терен славеа над Феникс со 108: 102, а долучувачка за мечот беше последната четвртина, која домаќините ја освоија со резултат од 25:17. И на овој меч најпродуктивен играч беше Џејмс Харден кој имаше „дабл-дабл“ ефект од 41 поен и 11 скока.

НБА резултати:

Детроит – ЛА Лејкерс 111: 97

Филаделфија – Сакраменто 123: 114

Вашингтон – Шарлот 110: 116

Хјустон – Феникс 108: 102

Њу Орлеанс – Портланд 110: 122

Сан Антонио – Њујорк 109: 83

Лос Анџелес Клиперс – Чикаго 128: 121.