Поранешниот играч на Челси Мајкл Есиен ќе ја продолжи кариерата во Азербејџан. 36-годишниот Ганец потпиша договор 1,5 години со локалниот клуб Сабаил. А освен што ќе игра исто така ќе биде тренер на јуниорскиот тим на овој клуб.

Претходно Есиен ги бранеше боите на индонезискиот Персиб Бандунг, а освен за Челси играше и за Лион, Реал Мадрид, Милан и Панатинаикос.