Кормиларот на „црвените“ од Ливерпул, Јирген Клоп, пред новинарите посочи дека нема никакви планови за конкретни засилувања во тимот ова лето, затоа што за него најважно е Ливерпул, конечно, да сфати дека за успех е потребен константен тим неколку сезони.

„Не сакам да зборувам за планови за летото, а искрено и не мислам дека на овој тим му требаат засилувања и големи финансиски инјекции. Најдобриот начин да дојдеш до резулта е да направиш група играчи, да се обидете да го постигнете врвот и потоа да останете заедно одреден период. Ова можеби досега беше главен проблем за Ливерпул во изминатите десет години. Кога и да се направеше добар тим тука, по само една сезона, играчите си заминуваа по светот. Оваа година тоа нема да се случи, дефинитивно“, изјавил Клоп.

Ливерпул и натаму ја продолжува битката со Манчестер Сити за шампионскиот троифеј во Премиер лигата. Следна цел на „црвените“ е утрешното гостување кај Фулам.