Во пресрет на ждрепката за Светското кошаркарско првенство во Кина, на која легендарниот НБА кошаркар Коби Брајант ќе биде еден од оние кои ќе го дефинираат изгледот на групите, Американецот имаше силна изјава.

„Мислам дека Србија може да го добие дрим-тимот на Америка. Секој може секого да победи на овој турнир. Мораме да бидеме внимателни и подготвени, затоа што може и да загубиме“, одговори на новинарско прашање Коби Брајант.

Организаторот Кина, заедно со САД, Шпанија и Франција од првиот шешир ја чекаат ждрепката, додека Србија е во вториот шешир заедно со Аргентина, Литванија и Грција.