Шкендија можеби има комотна ситуација на врвот на табелата, но не и таква предност за да може да се опушти. Една серија од два меча по ред без бодови и ете ти белја за шампионот. Токму затоа по оној пораз во неделата на Чаир, тетовци се доволно свесни дека на денешниот дерби меч со Работнички, ќе мора да ги освојат сите три бода.

Од Висар Муслиу фановите на Шкендија секогаш очекуваат да биде вистинскиот. И тој тоа им ги пружа, секогаш го дава максимумот во црвено – црниот дрес.

„Не очекува тежок натпревар со тим кој има квалитетни играчи, но тим кој што во последно време нема добри резултати. Затоа велам дека не треба да се потценува Работнички, тоа никако. Се надевам дека ќе се покажеме во добро издание, да прикажеме добра игра, за да докажеме дека минатиот меч со Шкупи беше само лош ден за нас. Секако дека посакуваме низ еден квалитетен настап дојдеме до три бода. Верувам во овој тим на Шкендија, и верувам дека ќе го дадеме максимумот за да на крајот излеземе како победници“ вели стоперот на Шкендија и еден од нашите најдобри фудбалери, Висар Муслиу.