АНГЛИЈА 2 – 38. коло
ЛИДС – ШЕФИЛД ЈУНАЈТЕД
сабота 13.30
Шифра: 2127

Голем зицер во сабота имаат Лидс и Марсело Биелса во борбата по 15 години да се избори промоција во Премиер лигата. Тимот од „Еланд роуд“ има два бода повеќе од „остриците“, а со евентуална победа на свој терен пред повеќе од 34.000 гледачи веројатно би била и одлучувачки чекор кон враќањето во елитата затоа што само Шефилд Јунајтед  и Норич им се конкуренти за првите две позиции на табелата. 

Двете екипи се во одлична форма во последно време. Лидс ги доби последните три натпревари во Чемпионшип со осум дадени голови, а генерално има само пораз со пет победи на последните шест натпревари. Во отсуство на првиот стрелец Кемал Руф, одлично игра Патрик Бамфорд, а со голови се истакнува искусниот плејмејкер Пабло Ернандез, додека со асистенции нашиот интернационалец Езџан Алиоски… Па не се изненадување резултатите на Лидс во Чемпионшип.

Што се однесува до Шефилд, оваа екипа не изгубила од 19. јануари, а податокот дека на последните девет натпреаври има шест победи и три ремија сведочат за квалитетот на екипата на тренерот Крис Вајлдер. „Остриците“ сакаат да гостуваат на „Еланд“ каде изгубиле само еднаш во последните четири пресметки, иако квалитетот оваа сезона ни се чини дека е на страната на Лидс. На пример, тимот на Биелса во првиот дел од сезоната го победи Шефилд Јунајтед со голот на Ернандез и се мириса на реприза на таа средба.

ПРЕДЛОЗЗИ
КТ 1        2,15
ТГГ ГГ     1,85
* Квотите подлeжат на промени
КОМПЛЕТНА ТАБЕЛА ОВДЕ
СИТЕ КВОТИ ОВДЕ