Пишува: Зоран Ѓоршоски

Иако победи со 1:0, и тоа на големото дерби со Шкупи, овој Вардар разочара. Одигра слаб, катастрофален, разочарувачки натпревар и покажа дека овој состав едноставно нема иднина. Тука не мислиме на Гачевски, Брдаровски, Фелипе и Манев кои покажаа дека имаат потенцијал да играат во еден друг, поинаков, шампионски Вардар. Останатите едноставно беа очај и беда.

Вардар против Шкупи, верувале или не, немаше шаса, немаше директен удар на голот. Пеналот беше и тука нема дилеми, Мицевски со шутна, си даде гол и му донесе три среќни бода на својот тим. За разлика од Вардар гостинот од Чаир беше подобар во текот на целиот меч, имаше барем три – четири големи шанси, но немаше среќа. Шкупи против себе го имаше Гачевски кој речиси сам му донесе триумф и три бода на Вардар. Тој Гачевски беше непремостлива препрека за момците на Умит Каран.

Разочарувањето, и покрај победата, беше големо кај гледачите, кај фановите на нашиот најтрофеен клуб. Тоа е, кога ќе видиме кој се игра во тимот на тренерот Васоски, кој се го носи дресот кој некогаш го носеле големи и легендарни фудбалери, тогаш и не треба да не чуди зошто е тоа така.

Толку да се немало игра, да се немало динамика, толку да се немало квалитет за да се наметне иницијатива против еден солиден тим на Шкупи. Вардар со оваа победа му помогна во некоја рака на Работнички, но Вардар никако не може да се одлепи на табелата од „досадната“ Академија Пандев која прави ршум во ПМФЛ оваа сезона.