Реал Мадрид е толку импресиониран од играчот од средниот ред на Рома, Николо Заниоло, што веќе е подготвен со сите сили да атакува на неговиот потпис ова лето. Дел од италијанските и шпанските меидуми веќе објавија „кралевите“ се подготвени веднаш да „искешираат“ сума од 60 милиони евра за младиот 19-годишен играч на Рома.

Заниоло во текот на последните неколку дена се споменува како едно од имињата кои фигурираат на списокот посакувани засилувања кои Зидан му го доставил на Перез и на неговите најблиски соработници. Интересно е што Заниоло стана мета и на Јувентус, ПСЖ и Манчестер Сити, кои исто така се сериозно заинтересирани за него.

Зидан со најавата дека посакува освежувања во тимот од калибарот на младите таленти како нашиот Елиф Елмас и Николо Заниоло од Рома, покажува дека е подготвен за изградба на комплетно нов Реал.