Шкендија успеа по којзнае кој пат да го победи Работнички, и тоа со голот на Жуниор во 53. минута. Дерби во кое немаше козјнае каков квалитет, но беше интересно. Работнички борбен, на моменти и се заккануваше, посебно во фиишот на мечот, но сепак без реализација.

На останатите мечеви од денешното 23. коло за одбележување е новата победа на Академија Пандев и тоа над Силекс. Двата гола беа дело на Дориев, и двата беа од пенал. Едноставно струмичани не знаат за доста.

Прва пролетна победа на „лавовите“…

Во Ѓорче прва радост на „лавовите“. Со 2:1 беше совладана Беласица, прво Тантуровски во 10.минута погоди за 1:0, следуваше удвојување на водството во 76.минута кога асистенцијата на Демир, капитенот Божиновски ја претвори во гол за 2:0. Со влегувањето на Демир играта на домашните стана побрза и поквалитетна. Беласица не се предаваше, па во 84.минута со голот на Георгиев намали на 2:1.

Најмногу голови имаше во Охрид каде Ренова како гостин славеше над Победа со 3:2. Мустафов, многу рано уште до 18.минута им донесе водство на гостите со 2:0. Танушев прво намали на 1:2, па намали на 2:3. Третиот гол за Ренова беше дело на Влатко Стојановски.

Вардар во дербито на колото со 1:0 го победи Шкупи.

РЕЗУЛТАТИ – 23. КОЛО

ВАРДАР – ШКУПИ       1:0

ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ     1:0

А.ПАНДЕВ – СИЛЕКС 2:0

МАКЕДОНИЈА ЃП – БЕЛАСИЦА      2:1

ПОБЕДА – РЕНОВА     2:3

#🇲🇰 КЛУБОдиграниПобедиНерешениПоразиДГПГБодови
1Акад. Пандев1173114224
2Вардар1173115424
3Шкупи1144312916
4Македонија ЃП11443131216
5Шкендија1142511714
6Струга ТЛ11425111614
7Ренова1141681413
8Силекс11407121612
9Борец1132691811
10Работнички1131781510

ВИДЕА:

ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ 1:0

МАКЕДОНИЈА ЃП – БЕЛАСИЦА 2:0

АК. ПАНДЕВ – СИЛЕКС 2:0

ПОБЕДА – РЕНОВА 2:3