Херта и Борусија Дортмунд ги кршеа копјата во Бундес лигата, „милионерите“ успеаа да победат со 3:2 сред Берлин. Кога Борусија постигна гол за 3:2 во надополнувањето на времето, голманот Роман Бирки одлучи да украде време и одолговлекуваше со изведување на слободен удар. Тоа го изнервира Ведад Ибишевиќ кој се одлучи за најпростачкиот потег… И си доби директен црвен картон, а веројатно ќе си добие и поголема казна кога Дисциплинската комисија ќе се позанимава со него затоа што тоа беше намерно направено…