Од таборот на Шкупи не кријат дека на денешната битка за Скопје, посакуваат продолжување на добрата серија, продолжување со победите оваа пролет. Махарафа Тандина, интернационалецот од Мали, за прв пат ќе игра едно градско дерби и тоа против Вардар.

„Многу сум возбуден пред ова дерби, мое прво во Македонија. Овој натпревар е многу значаен за нас. Во последно време сме одиграле многу добри натпревари, а нашата цел е да продолжиме со добра игра и против Вардар. Имаме млад тим и секој ден се подобруваме, а сето ова е под водство на нашиот тренер Умит Каран. Со нетрпение го очекувам овој натпревар. Се надеваме дека ќе го дадеме се од себе и да го добиеме она што го сакаме, и што е наша цел до крајот на сезоната“ изјави за „Спортмедиа“ Махарафа Тандина.