Светскиот првак со Италија од 2006 година, Фабио Канаваро, денеска е официјално именуван за нов селектор на фудбалската репрезентација на Кина.  Досегашниот тренер на кинескиот фудбалски гигант Гвангжу Евергранде ќе мора да ја напушти тренерската работа и професионално да се посвети замо на селектирското место.

Засега се уште не се познати деталите од договорот и не е јасно дали 45-годишниот екс-репрезентативец на „аѕурите“ ќе ја преземе функцијата како привремен или постојан селектор. Неговото деби на кормилото на Кина се очекува веќе следниот четврток, кога ќе ја предводи репрезентазијата на мечот против Тајланд од турнирот „Чајна Куп“. Ако добие доверба од Федерацијата, би требало да потпише договор заклучно со СП 2022 година.