Две од најголемите фигури на светскиот модерен тенис, Рафаел Надал и Роџер Федерер ќе играат еден против друг во полуфиналето на Мастерсот во Индијан Велс. По 39-ти пат во кариерата, овие двајца големи ривали на теренот ќе имаат можност да ги одмерат силите вечерва по 20:30 часот во пресметката за пласман во големото финале.

Популарниот „Маестро“ победи во четвртфиналето против Хуберт Хуркач од Полска со 6:4, 6:4, а Рафа се справи малку потешко со Русинот Карен Хачанов совладувајќи го со 7:6 (2), 7:6 (2). И двајцата тенисери се уште немаат загубено сет на Индијан Велс оваа година.

До сега, Надал има доста предност во меѓусебните дуели со Федерер. Шпанецот има 23 победи, додека Швајцарецотсамо 15. Во второто полуфинале ќе се сретнат Австриецот Доминик Тим и Канажанецот Милош Раониќ.