Актуелниот бранител на титулата фати залет, по триумфот во Хјустон, славеше на уште едно гостинско дерби, овој пат против Оклахома со 88-110. За Голден Стејт ова беше 47 триумф и со скор од 21 пораз го држи првото место во Западната конференција, додека пак Тандерси се четири места подоле.

Стеф Кари со 33 поени (пет тројки) беше прв стрелец кај Голден Стејт, зад него беше Клеј Томпсон со 23 поени. Расел Вестбрук ја пружи една од наслабите партии сезонава имаше седум поени, осум скока и девет асистенции, Пол Џорџ со 29 поени и 13 скока беше најрасположен кај домашниот тим.

Кари во првото полувреме постигна 19 поени, па неговиот тим на полувремето замина со предност од 64-46, со новите 11 поени во третата четвртина на главниот организатор на играта, Вориорс го одржаа водството 87-71. На другата страна Оклахома во ниту еден момент не беше вистинска закана, иако кошаркарите се надеваа дека отсуството на Кевин Дурент ќе донесе поинаков епилог.

Резултати: Њу Орлеанс – Феникс 136-138, Вашингтон – Мемфис 135:128, Далас – Кливленд 121-116, Оклахома – Голден Стејт 88-110, Сан Антонио – Портланд 108-103, Денвер – Индијана 102-100, Јута – Бруклин 114-98.