Денеска (14:30 ч), ќе се одиграат сите пет натпревари од 16.коло во Втората лига – Исток. Коло во кое нема вистинско дерби, но сите пет дуели се интересни и го привлекуваат вниманието. По сензационалниот пораз на стартот од пролетниот дел од Саса, екипата на Кит Го едноставно нема право на нов кикс. Ако сака и натаму да ги задржи амбициите за висок пласман, денеска во Пехчево мора да ги освои трите бода протв Партизан Обршани.

Лидерот гостува во Неготино

Велешани пак му гостуваат на Вардар во Неготино, секако дека четата на стратегот Горазд Михајлов оди по нови бодови. Во Велес пак Брегалница е домаќин на Детонит, а во Кавадарци домашниот Тиквеш против Саса ќе оди по првиот пролетен триумф. И во петтиот дуел денеска во оваа конкуренција, Кожуф и гостува на Плачковица, несомнено тоа е тешко гостување за гевгеличани.

ДВОЈКИ ЗА 16. КОЛО – ДЕНЕСКА (14:30 Ч)

БРЕГАЛНИЦА – ДЕТОНИТ

ТИКВЕШ – САСА

КИТ ГО – ПАРТИЗАН (О)

ВАРДАР (Н) – БОРЕЦ

ПЛАЧКОВИЦА – КОЖУФ

ТАБЕЛА

  1. БОРЕЦ 40
  2. ТИКВЕШ 30
  3. КОЖУФ 29
  4. КИТ ГО 26
  5. БРЕГАЛНИЦА 25
  6. ПЛАЧКОВИЦА 15
  7. ПАРТИЗАН (О) 13
  8. ДЕТОНИТ 11
  9. ВАРДАР (Н) 10
  10. САСА 10