Музафер Ејупи по подолго време постигна гол за својот тим Осијек, сепак тоа не беше доволно за ништо повеќе од 1:3 за неговиот тим против составот на Ријека.

За победничкиот состав во денешниот меч од редовното коло во ХНЛ, настапија и Дарко Велковски кој беше стартер и Милан Ристовски, кој пак влезе во игра во самиот финиш на средбата.