Во првиот меч по кам-бекот на клупата на Реал Мадрид, Зинедин Зидан ја совлада Селта со 2-0, стрелци на головите беа Иско и Бејл.

Францускиот стратег направи важни промени во составот, го врати Кејлор Навас на голот, а шанса одноцо добија Иско и Марсело, играчи кои кај Сантијаго Солари беа отпишани.

„Во првото полувреме имавме неколку грешки, но тоа е сосема нормално. Во вториот период не носеше публиката, играчите одиграа многу добро. Среќен сум, најважно е да победуваме. Мило ми е што Иско постигна гол, но како што кажав за нас најважно е дека го добивме овој меч, бидејќи претходно имавме само три тренинзи. Сега ќе имаме нешто повеќе време, останаа уште десет меча и сакаме да ја завршиме сезоната на вистинскиот начин“, рече Зидан по мечот.

Тој објасни зошто ги одбра Навас и Марсело во првата постава.

„Го ценам и Куртоа, покажа дека е одличен голма, но сакам Кејлор да се чувствува важен. Не можам да заборавам се што има направено за клубот, истото се однесува и за Марсело. Никој не смее да ги заборави нивните дела. Во иднина на сите ќе сметам, Куртоа, Религон, Кејлор, Марсло, Иско…сите се одлични играчи“.