Капитенот на македонската репрезентација, Горан Пандев и неговата Џенова му го нанесоа првиот пораз на Јувентус сезонава, на домашен терен го совладаа со 2-0.

Нашиот најдобар фудбалер ја имаше главната улога, влезе во второто полувреме, прво беше асистент за првиот погодок (1-0), кој беше дело на Стураро, а потоа ги постави конечните 2-0.

Ова е одлична најава за репрезентативните обврски, воведните два натпревари од квалификациите за ЕУРО 2020 против Летонија (21. март, Национална арена „Филип Втори“) и Словенија на гостински терен (24. март, „Стожице“).