После елиминацијата од Барселона во Лигата на шампионите, во Лион им беше јасно дека беа далеку од сензација на „Камп Ноу“ каде што заминаа без предност од првиот меч. Вториот натпревар заврши 5:1 во корист на „Каталонците“, а капитенот на Лион Набил Фекир објасни како е да се игра против еден од најдобрите играчи на сите времиња, Лионел Меси.

„Тој кога не постигнува голови, асистира. Кога не асистира, дава голови. Едноставно, тој е неверојатен. Не е возможно да играте против него“, изјави Фекир.